Балкан

Владата на Србија го „преживеа“ гласањето за недоверба во Собранието

Владата на Србија го „преживеа“ гласањето за недоверба во Собранието

Собранието на Србија ја заврши вонредната седница со гласање по предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на српската Влада, при што предлогот не го доби потребното мнозинство.

На гласањето во собраниската сала беа присутни 176 народни пратеници. За недоверба на Владата гласаа само 40 пратеници, 135 беа против, додека еден пратеник беше воздржан, со што предлогот на опозицијата беше отфрлен.

За време на маратонската седница се разви остра дебата меѓу власта и опозицијата. Пратениците од владејачкото мнозинство цврсто застанаа зад актуелниот владин состав, потенцирајќи ја својата целосна поддршка за работата на премиерот Ѓуро Мацут.

Од друга страна, опозициските пратеници упатија сериозни критики за политиките на Владата и за менаџирањето на процесите од страна на премиерот, што сепак не беше доволно да се обезбедат потребните гласови за пад на извршната власт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни