Македонија

Владата најави зголемување на минималната плата на 14.500 денари

Владата на прес-конференција денеска оддржана од премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, најави дека од декември минамалната плата ќе биде зголемена на 14.500 денари.

„Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата. Внимателно ги следиме сите мерки. ќе продолжиме со овие мерки за да може стопанството да ги следи истите. Сите треба да работиме ако сакаме повискои плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме“ рече Заев, и додава дека до крајот на мандатот се надева оти ќе ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Во моментов минималната плата изнесува 12.507 денари.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни