Владејачката Српска напредна партија побара претседателот Александар Вучиќ да биде носител на нејзината листа на наредните парламентарни избори и да се кандидира за премиер, јави Радио Белград.
„Би сакале тој да биде носител на листата, да влеземе заедно во овие избори. Доколку нашата листа победи, доколку тоа е одлуката на граѓаните на Србија, го гледаме како наш кандидат за премиер“, изјави претседателот на СНС Милош Вучевиќ.
Изјавата на Вучевиќ следи откако на 27 јуни Александар Вучиќ на партиски митинг најави дека во рок од неколку недели ќе поднесе оставка од функцијата претседател.
Вучевиќ додаде дека СНС ќе предложи „достоен кандидат“ и за функцијата претседател на Србија по повлекувањето на Вучиќ, нагласувајќи дека тоа треба да биде „човек што може да ги добие изборите“.
„Дали е партиски член, непартиска фигура, маж или жена, сега не можам да кажам… Никој од нас нема право на суета и празна слава што би го попречила патот што нè води кон победа“, рече Вучевиќ.