На денешното одбележување на заштитникот на градот Битола, Свети Нектариј, владиката Петар на младите им порача рано да се женат и мажат и да формираат семејство, ако не да одат во манастирите.
„Mojaта порака до младите е или рано да се женат и мажат и да формираат здрави, пред сѐ духовно и физички и интелектуално семејства, а потоа ако некој не е да се жени или да се мажи имаме сто манастири во епархијава да го наполниме барем нив“, рече владиката Петар.
Се вчитува...
Владиката додавајќи рече дека треба да се направи нешто за младите да останат тука и да не кукаме по оние кои ја напуштиле земјата.
