Путин и Си изјавија дека руско-кинеските односи се на невидено високо ниво, како и дека постојано се подобруваат, пренесува РИА Новости.
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со својот кинески колега Си Џинпинг се согласил да ја прошири соработката во областа на енергетиката, финансиите и индустријата, соопшти денеска Кремљ.
„Договорено е да се прошири соработката во енергетиката, финансиите, индустријата, транспортот и другите сфери, имајќи ја предвид глобалната економска ситуација, која е комплицирана од нелегитимната политика на западните санкции“, се вели во соопштението на Кремљ.
