ВЛАСТА ЈА ПРОДАВА „СЛАВИЈА“ ЗА 200.000 ЕВРА, А ВРЕДИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обелодени голема афера

Власта сака да ја продаде АД Славија за 200.000 евра иако имотот на акционерското друштво во сопственост на државата изнесува дури 20 милиони евра, открива опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат оттаму, Агенцијата за одземен имот закажала аукција на два дена пред Нова година за продажба на акциите на АД Славија.

– Почетната цена е 218.535 евра, или 50 евра по акција. Кога во 2012 година се правеше обид да се продаде друштвото, власта тогаш акциите ги проценила на вредност од 1.715 евра. АД Славија има огромен имот. Само управната зграда вреди 9 милиони евра, а останатиот имот се наоѓа низ цела Македонија. Побарувањата за плати и придонеси, како и за други долгови е три до пет милиони евра – обвинува партијата на Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ се плашат дека со малверзации на аукцијата која е закажана под сомнителни околности за мала сума на пари ќе се приватизира голем имот во сопственост на државата.

Поврзани вести

Најважното