Властите во Северна Кореја преку официјалниот државен весник ги предупредија младите лица во земјата дека мора да го следат традиционалниот начин на живот, па затоа мора да се придржуваат до официјалниот јазик.
Инаку, Пјонгјанг се обидува да ги искорени културните влијанија од Јужна Кореја, па затоа режимот е сосредоточен кон навиките на говор кај младите.
Строги нови мерки беа воведени кон крајот на минатата година. Тие предвидуваат и строги казни за родителите чии деца ќе бидат фатени како уживаат во јужнокорејска забава или говорат со јужнокорејски сленг.
За ваквата наклонетост, може да следи и затворска казна до 15 години, а се изрекуваат казни и за користење нерегистрирани телевизори, радија, компјутери и мобилни телефони од други земји.
На младите Севернокорејци, исто така, им е забрането и да танцуваат и да пробуваат чевли.
