Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски, информираат од СДСМ.
Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.
Од таму велат дека по анализирањето на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.
Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури.