Влошена здравствената состојба на Катица Јанева во „Шутка“ – секојдневно примала терапија

Влошена е здравствената состојба на екс-специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дознава ТВ21, а потврдува нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за ТВ21.

Претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева речиси еден месец како третоосомничена во „Рекет“, била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

Фрчковска за ТВ21 вели дека здравствената состојба на Јанева не е добра, особено психички и дека е под постојана терапија со лекови.

Како што најави адвокатката Ирена Фрчкоска во ексклузивното интервју за ТВ21 можна е тужба за Советот на јавни обвинители поради разрешувањето на Катица Јанева како шефица на СЈО. Двете одлуки, како што вели адвокатката се уште не ги добиле. Фрчкоска додаде дека ќе бара укинување на притворот за Јанева и да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното