ВМРО-ДПМНЕ: Годинава во ЈП „Македонски шуми“ вработени се 50 партиски членови на СДСМ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски повторно со серија обвинувања кон СДСМ за партиски вработувања, овој пат со сознанија дека во ЈП „Македонски шуми“ биле вработени 50 партиски членови на СДСМ од деловите на Кавадарци, Гевгелија, Демир Капија, Берово  , Македонски Брод, Скопската дирекција, Свети Николе, Струмица, Демир Хисар, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Делчево, Радовиш, Кратово, Охрид и на многу други места.

„Не запира бранот на црни вработувања и партизација на администрацијата по црниот  тефтерот на криминогената власт, на општинските организации на СДСМ, список креиран според тоа кој има поголеми партиски заслуги. Тоа не е европска туку црна вредност на Зоран Заев, тоа не е патот кон Европската Унија, туку пат на уништување на државата од оваа криминогена власт.

Се вчитува...

Серијалот на прес конференции за црна партизација на администрацијата, го продолжуваме со партизацијата на ЈП Македонски шуми, каде тече мрачниот систем на оваа криминогена власт по теркот „Ќе смениме се од хигиеничар до министер и така имаме намера да владееме“, најавен и реализиран од Зоран Заев.

Само годинава на буџетот на ЈП „Македонски шуми“ вметнати се најмалку 30 партиски членови на СДСМ и тоа од роднини на Кавадаречкиот генералниот директор на Македонски шуми, до синови, ќерки и внуци на директори на подружници и сектори на истото Јавно претпријатие, роднини, деца, внуци на градоначалници, на референти, на други раководни лица, но со една заедничка линија- партиската определба. Оваа акција е спроведувана подружниците во Кавадарци, Гевгелија, Демир Капија, Берово  , Македонски Брод, Скопската дирекција, Свети Николе, Струмица, Демир Хисар, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Делчево, Радовиш, Кратово, Охрид и на многу други места.

Ова е дел од проектот за партиски вработувања според црни списоци правени во општинските организации на СДСМ за пополнување на администрацијата, нејзина целосна партизација со вработувања во општините, училиштата, градинките, и Јавните претпријатија Комунална хигиена и Македонски шуми. Црната мрежа за партиски вработувања е правена само и само по припадноста и залагањата за партиските политики на СДСМ.

Црната партизација на администрацијата во ЈП Македонски шуми е продолжение на полнење на администрацијата со мајки, сестри, тетки, вујни, деца на актуелни пратеници и функционери во извршната власт, во локалната власт, на градоначалници, на видни членови и звучни имиња од социјалдемократскиот табор“, изјави Стоилковски.

Извор: ТВ21