ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да се приклучат на нашиот протест денеска во Кочани

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протест во Кочани кој треба да започне во 15 часот. На прес конференција утрово во 10 часот повикаа граѓаните да се приклучат на нивниот протест.

„Ги повикуваме сите  граѓани да се приклучат на нашиот протест денес во Кочани во 15 часот, збирно место Градски парк, заедно одиме преку улиците на Кочани до градскиот трговски центар и сите заедно да го искажеме нашиот револт и да ја навестиме зората која ќе ги порази црнилата во Република Македонија создадени од СДСМ и Зоран Заев“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Се вчитува...

Извор: ТВ21