ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се гушат, Дураку не се занимава со граѓаните, Шилегов организира „стенд-ап“ настани

„Скопје и Македонија се гушат во загаден воздух, а Зоран Заев  и Петре Шилегов не преземаат ништо. Веќе неколку недели по ред Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Граѓаните имаат сериозни последици врз нивното здравје, особено хронично болните, децата и постарите“, велат со соопштение од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Како последица на неодговорниот пристап на црната власт на СДСМ кон животната средина десетици граѓани завршуваат на лекар секој ден поради проблеми со здравјето настанати заради загадениот воздух.

Граѓаните се соочуваат со реални здравствени проблеми заради загаденоста, а власта само ги завива во црно нивните животи.

Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето.

Светската здравствена организација неодамна излезе со анализа во која покажа дека на годишно ниво во светот умираат околу  7 милиони луѓе како последица на штетните и канцерогени честички кои влијаат на кардиоваскуларниот и респираторниот систем на човекот.

Наместо конкретни решенија на проблемите со енормното загадување, министерот за животна средина  Садула Дураку дрско и безобразно вели дека не се занимава  со граѓаните, Петре Шилегов организира стенд ап настапи, а Зоран Заев заборави на ветувањата за почист воздух во целост. Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине“, велат од опозициската партија.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното