ВМРО-ДПМНЕ го праша СДСМ каде се ветувањата од 500 евра просечна плата, 600 километри автопати, 550 километри магистрални патишта, после денешната прес конференција на Костадин Костадинов кој кажа дека платите во сите сектори се зголемени во просек од 2.000 денари.
„Република Македонија пропаѓа во црнило со СДСМ на власт. Економијата тоне, скоро две години нема скоро никаков раст, а граѓаните се се посиромашни. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај.
Буџетот за 2019 е мегаломански и не гарантира раст. Црната власт скрои буџет кој е 700 милиони поголем од последниот буџет на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од овој буџет нема за граѓаните има за елитите.
СДСМ многу вети, а ништо не исполни. Нема 500 евра просечна плата. Нема 100.000 денари плата за лекарите. Нема 600 километри автопати и 550 километри магистрални патишта. СДСМ ја зави државата во целосно црнило.
Власта го зацрни образованието, земјоделието, здравството и буквално секој сектор во државата.
Безбедноста со СДСМ на власт е нарушена. Откако Оливер Спасовски ја води МВР, а Зоран Заев е премиер има 9 нерасчистени убиства, многу грабежи, запалени автомобили и нерасчистени случаи на голем криминал.
Граѓаните се соочуваат со политички прогон.
Ништо од тоа што го вети Зоран Заев не го реализира. Граѓаните живеат црн живот и ова е најцрниот период за Република Македонија. СДСМ мора да си замине. Заради овие и сите други пропусти и негативни политики на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест на 28 ноември во 17 часот, збирно место Плоштад ВМРО и се упатуваме пред Владата. Да ја поразиме оваа криминална власт на СДСМ и да ги ослободиме граѓаните од оваа криминална влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
