Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека кандидатот кој ќе го избери СДСМ како што велат тие само ќе ја продолжен криминогената матрица на Зоран Заев.
„Република Македонија нема потреба од нов Заев, кој ќе ја распродава и оцрнува државата кај ќе стигне, туку од интелектуалец и патриот, кој се води од државните интереси и цврсто верува во принципот на владеење на правото. СДСМ бара лице кое ќе биде слеп послушник на Заев и картелот околу него, човек кој го поддржува криминалот и непотизмот, кои станаа заштитем знак на оваа власт. Република Македонија нема потреба од нов Заев, државата има нужна потреба од честит човек, со интегритет и капацитет да ја претставува државата“, се вели во испратеното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.