ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили против „мафијата за правдата и слободите“

На 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против „мафијата за правдата и слободите“.

Имено, протестот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По говорот, протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

.

Извор: ТВ21