Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
Screenshot

ВМРО-ДПМНЕ преку официјално соопштение реагираше на острите критики од опозициската СДС за визуелните елементи и уметничките инсталации на манифестацијата „Силно светнал ден“, организирана по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.

Од владејачката партија објаснуваат дека оспоруваниот визуелен елемент претставува уметничка инсталација во која повеќекрако сонце стилски се претопува во македонското државно знаме со осум зраци.

Обвинувања кон СДС и Венко Филипче

ВМРО-ДПМНЕ упати директни обвинувања до лидерот на СДС, Венко Филипче, тврдејќи дека опозицијата намерно се обидува да го оцрни настанот кој бил одлично прифатен од граѓаните:

„На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација. СДС и Филипче намерно бараат мани во настан што ја обедини државата и донесе позитивна енергија меѓу граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија ги потсетија противниците на нивните претходни политики околу уставните измени, државните симболи и историските прашања, оценувајќи ги критиките како неуспешен обид за омаловажување на проектот.

„Силно светнал ден“ ја обедини државата

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека манифестацијата по повод 35 години од независноста ја постигнала својата цел за обединување на граѓаните и порачаа дека Владата ќе продолжи со сите активности за враќање на националното достоинство, гордоста и напредокот на Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни