Република Македонија е најзагадена земја во Европа, а граѓаните со своите животи ја плаќаат цената на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да се справи со аерозагадувањето.
Еуроњуз објави дека според податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), Македонија официјално е најзагадената земја во Европа со загадување десет пати повеќе од препорачаните нивоа.
Додека Заев и СДСМ постојано манипулираат и се расфрлуваат со лажни ветувања за справување со загадениот воздух, илјадници граѓани ги губат своите животи како директна последица на загадувањето. Болниците веќе се преполни со пациенти со респираторни проблеми, а постарите и хронично заболените, но и дечињата најмногу ги чувствуваат ефектите од загадувањето.
СДСМ ветуваше итни мерки за почист воздух, но веќе две години ништо немаат превземено за подобрување на ситуацијата. Откако поминаа две години без да мрднат со прст, повторно излегоа со нова лага дека следните две години половично ќе го решеле проблемот. Тоа се 4 изгубени години за граѓаните на Република Македонија и уште 4 години каде илјадници граѓани ќе бидат завиени во црно заради губењето на своите најблиски од загадениот воздух.
Наместо итни мерки за почист воздух, донесоа црнила за граѓаните, а Македонија и градовите ги сместија во врвот на најзагадените во Светот.
Власта која ветуваше дека веднаш ќе донесе чист воздух сега во најобемниот буџет во историјата на државата издвојува минимални средства за справување со аерозагаувањето. Повеќе пари се издвојуваат за луксузирање на владините претставници отколку на борба за справување со загадениот воздух“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.