Поради немање увид во разговорите меѓу Скопје и Софија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска напладне повика на обединувачки и натпартиски протест.
Ќе се протестора пред Министерството за надворешни работи и пред Владата. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски во вчерашното фејсбук обраќање ги повика граѓаните да се приклучат на како што рече натпартиски, обединувачки реакции на кои треба гласно да се зборува. Побара од граѓаните извинување ако во денот поради протестот ќе има сообраќаен метеж.
„Ве молам имајте разбирање за сето ова кое што денеска го правиме затоа што ако денеска не успееме се плашам дека некои идни генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направи Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат. А до политичарите, сакам една порака да упатам. Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна. Следната Влада која што ќе биде Влада на единство, истото тоа парче хартија нема намера да го почитува, рече Мицкоски.
Блокадата нема да го попречува движењето на возилата на брза помош, како и на другите работи кои мора итно да се извршуваат.