Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за неисплатени субвенции, од СДСМ велат Владата дала рекордна финансиска поддршка

Меѓупартиски обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на поддршката на земјоделците. Од опозициската партија велат дека СДСМ нема исплатено субвенции од 2017 година, а дека доцнат и со субвенциите за 2018 и 2019 година.

„Со години чекаат и стотици земјоделци по разни ставки исплати за надомест на штета од големите временски непогоди. Заев вети и сигурен откуп и високи откупни цени. Четири години родот завршува на буниште, а земјоделците без леб. Власта ништо суштински не им помогна на земјоделците. Само лаги и многу фалби, без резултати. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, од СДСМ се пофалија дека Владата предводена од СДСМ како вистински сојузнук на земјоделците и сточарите е целосно посветена на активни политики за нивна поддршка и поттик.

„Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој само изминатава недела исплати над 617 милиони денари субвенции на фармерите кои имаа обележани грла говеда, кози, како и 182,3 милиони денари на сите фармери кои задржале женско јагне. Со оваа исплате се префрлени и средства за тутунопроизводителите во висина од 11.4 милиони денари. Исплатена е и финансиска поддршка за засеани површини со сертифициран семенски материјал, како и исплата на субвенции за пчеларство. Досега се исплатени 5,5 милијарди денари, а со усвоениот ребаланс до крајот на годинава се очекува рекордна исплата од 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци“, велат од СДСМ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни