ВМРО-ДПМНЕ: Писмото на Димитров до грчкото МНР е доказ дека се бришат името, идентитетот, јазикот, историјата, културата

На прес-конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, на новинарско прашање како го коментира писмото на Димитров испратено до грчкото МНР, тој истакна:

„Како катастрофално и срамно пред се. Писмото на Димитров до грчкото Министерство за надворешни работи, само ги потврдува фактите и тврдењата кои што ВМРО-ДПМНЕ,а голем дел и од експертската јавност ги имаше во целиот овој изминат период. Значи писмото е доказ дека не се менува само уставното име, туку се руши и целокупниот идентитет, се бришат јазик, историја, култура и се останато, бидејќи во еден дел како што видовме во писмото, ќе се обидам да парафразирам е наведено дека Македонци односно граѓани на Република како и да ја преименуваа Македонија се однесува само на државјанството, а воопшто не задира односно не дефинира одредена етничка односно национална припадност односно идентитет“, рече Јанушев.

Извор: ТВ21