ВМРО-ДПМНЕ побара јавна расправа за загадувањето: СДСМ ветуваше мерки, но само за политички поени

ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднела информации за загадувањето, и побарала од Конисијата за транспорт, врски и екологија да одржи јавна расправа за мерки кои ќе се превземат против загадувањето. Ова денеска го соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој рече дека загадувањето руши рекорди и дека власта ветувала мерки, но тоа било само за политички поени, и дека ништо не било превземено.

„Загадувањето на воздухот во Република Македонија како никогаш досега руши рекорди. Благодарение на актуелната власт, Република Македонија и официјално стана држава со најзагаден воздух во Европа. Оваа власт на чело со СДСМ и нивните функционери кога беа во опозиција ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето низ низа мерки и проекти. Но, излажаа. Не само што не го подобрија квалитетот на воздух, туку напротив загадувањето на воздухот руши рекорди. Очигледно е дека СДСМ загадувањето го користеше само за политички поени и дека во ниту еден момент не помислија да се прават со оваа ситуација, истакна Никола Мицевски кој рече дека со јавната рапсрава ќе учествуваат и претставници од еколошките друштва како и експертите околу оваа област.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното