Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Полицајци на Спасовски во Прилеп договарале малтретирање на гласачи за изборната кампања: „земете му ја колата и убијте го“

ВМРО-ДПМНЕ утрово на прес конференција објави фотографии од наводна Вибер група во која како што беше речено се договарале полициски службеници за да нанесат штета врз партијата.

Од разговорите може да се прочита дека имало координација за малтретирање на гласачи во текот на изборната кампања.

Во една од пораките дури и пишува „Земете му ја колата и убијте го“.

-Еве и зошто. Скандалот кој денес ќе го откриеме содржи информации кои потврдуваат зошто имаме режим. Информациите ни се доставени од загрижени полицајци вработени во МВР кои не сакале да учествуваат повеќе во истата злостoрничка група. За што станува збор: Полицајци блиски до Социјалдемократскиот сојуз одработувајќи за оваа партија, формирале злосторничка група за време на изборната кампања чија цел е следење на членови на ВМРО ДПМНЕ и злоупотрeба на службените овластувања, со цел физичко малтретирање и селективно попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од Социјалдемократскиот сојуз. Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители, истакна Ковачки на денешната прес-конференција.

Засега нема реакција од МВР, ниту СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни