„Бараме од Основното јавно обвинителство да ги викне пратениците да дадат исказ за разните притисоци и влијание кои им се случуваа во текот на изминатиот период и во текот на денешениот ден“, истакна Јанушев, секретарот на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција, но на новинарско прашање од новинарот на ТВ21, не одговори дали се подготвени да сведочат пратениците на ВМРО ДПМНЕ.
„Веќе еднаш кажав, го повикувам јавното обвинитлество да ги испита пратениците“, повтори Јанушев.
Меѓутоа и повторно беше прашан дали пратениците се подготвени да сведочат, и повторно немаше одговор.
Јанушев истакна дека на дел од пратениците им биле нудени по еден и по два милиони евра да гласаат за уставните измени.
Извор: ТВ21
