ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што вчера го одбра претседателскиот кандидат на престојните избори, им порача на граѓаните да излезат на престојните избори, и да му го покажат првиот жолт картон на Зоран Заев и СДСМ.
„Граѓаните не сакаат понижена и обесчестена Република Македонија, граѓаните сакаат честита Република Македонија.
Наместо свиткана кичма и антидржавните политики на Заев, државата има потреба од стабилност и сигурност. Веќе две години како СДСМ е на власт правната држава е дерогирана, СДСМ мора да си замине, а владеењето на правото мора да биде повторно воспоставено.
Криминалните тендери, роднинските врски со високи партиски функционер како услов за вработување во државната администрација, криминалот по улиците, руинираното здравство и образование не смее да продолжат да бидаг наше секојдневие.
Зоран Заев ја зави во црнила државата и избега од предвремени парламентарни избори затоа што знае дека ќе ги изгуби, па си го продолжи времето за криминално делување за уште некој месец.
Сега е времето да се биде гласен. Граѓаните треба масовно да излезат и да гласаат на претстојните избори, како ќе му дадат жолт картон на СДСМ и ќе му го покажат местото на буништето на историјата, каде ќе заминат на следните парламентарни избори.
СДСМ мора да си замине поради се што ветија, а не направија, затоа што нема 500 евра просечна плата, 100.000 денари плата за лекарите, 600 километри нов автопат, поврат на ДДВ за граѓаните и ред други проекти. СДСМ мора да си замине и затоа што економијата тоне, а долгот за само една година е зголемен за близу пола милијарда евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.