Поврзи се

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ приморано гласале за „Северна“, во НАТО нема веќе да ја игнорираат придавката, а ќе се борат против корупцијата

Published

on

Народните избраници Зоран Илиевски од Битола и Зоран Ѓорѓиевски од Куманово на вчерашнта пленарна седница воопшто не гласаа за ратификацијата на протоколот за НАТО. Борис Земјковски, Крсто Јовановски, Васил Пишев и Иван Стоилковиќ пак не присуствуваа на седницата.

Сите останати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа ЗА членство во алијансата и тоа под името Република Северна Македонија. Лидерот, Христијан Мицкоски на прашање на ТВ21 вели дека биле приморани да го направат тоа.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Жалам, и тоа е тажно што подведени и омаловажени и како што вели екс-премиерот со подведена кичма моравме вчера да се доведеме до една ваква ситуација. Но, како што кажав, јавноста не ја игнонираме, нова јавност нема да создаваме, а ќе се бориме се што е во наша моќ оваа реалност да ја промениме и тоа е наше право кое што ни ги гарантира сите одредби“, рече Мицкоски.

Иако досега речиси воопшто не ја прифаќаа, ниту користеа придавката на името, сега Мицкоски вели дека веќе нема да ја игнорираат, ќе го прифатат тоа и ќе се трудат да направат промени. Не прецизираше што точно ќе се случи со Преспанскиот договор, доколку дојдат на власт.

„ВМРО-ДПМНЕ е дел од Собранието на оваа држава, каде што ја има новата придавка, дел од институциите кои ја имаат новата придавка, кои се резултат на капитулантските политики и должничко-доверителските односни на Зоран Заев и СДСМ. И сите овие реалности ние нема да ги игнорираме, туку ќе ги прифатиме и истите тие ќе дадеме се од себе за да ги промениме.“, изјави Мицкоски.

Мицкоски додава дека ќе се борат и против корупцијата, со цел државата да не биде на 106-то место, да нема хибридер режим, да не се случува рекет, Луи Витон судство, Сваровски обвинителство.

На состанокот во комората за Информатички технологии биле договорени предлог мерки кои што според нив би требало да бидат дел од идната програма на идната Влада. Беше потенцирано дека моментално во Македонија имало 4.900 студенти на ИКТ, а претходно бројките се мереле во стотици илјади.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

4NEWS.mk

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

4NEWS.mk

МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје

Македонија

Талат Џафери: Моментот кога ми се јави Никола Тодоров да ме праша во која канцеларија е Зијадин Села, ми остави најголем впечаток

Македонија

ВИДЕО: Со 80 „За“ и 6 „Против“ изгласан законот за јавно обвинителство

Македонија

Џеват Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Најдовте не -Mакедонка, жена, да ви го брани името Македонија, мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат

Македонија

Џафери за 27. април, за Вељановски, Мукоски… „Не служев на ВМРО-ДПМНЕ, но дали тоа го правеше СДСМ?“

Македонија

Дескоска до Милошоски: Тоа што го пуштивте пред некој ден не беше бомба, туку обична петарда

4NEWS.mk

Скопјанец уценувал малолетна прилепчанка дека ќе објави фотографии доколку не остварат средба

Македонија

Коалиционите партнери во војна – Костадинов го прозва случајот „Пациентот со Бујар Османи“

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com