ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мора да одговора за хаосот во кој ја втурна Македонија

„Зоран Заев  и ненародниот СДСМ  ја завија државата во црно. Правната држава и владеењето на правото се мисловен поим со СДСМ  на власт, а институциите се користат за хајка на политички неистомисленици.

Правосудните органи не одлучуваат врзз основа  на  закон, туку врз основа на политички диктат.

Се вчитува...

Политички се гонат неистомислениците на Зоран Заев, а во исто време против репрезентите на актуелната власт не е подигнато ниту едно обвинение.

Безбедноста е нарушена. Секојдневно се случуваат убиства, грабежи и се палат  автомобили, а никој за тоа не одговара.

Економијата скоро две години е завиена во црно, образованието е зацрнето, земјоделието запустено и оцрнето. Секој еден сегмент во државата е запоставен.

СДСМ мора да одговара за хаосот во кој ја втурна Република Македонија“, одговораат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Извор: ТВ21