ВМРО-ДПМНЕ со реакција на СДСМ: Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа – тоне државата по сите параметри

Партиски препукувања денеска помеѓу власта и опозицијата. По прес конференцијата на СДСМ за како што велат успешните економски политики на Владата, со реакција се јавија од ВМОРО-ДПМНЕ.

„Криминална власт на СДСМ и аболираниот Зоран Заев системски ја уништија македонската економија. Aболираниот Заев за себе и картелот кој што го води го проектираше најголемиот буџет во историјата на Република Македонија. Тоа значи масовно ограбување на граѓаните преку повисоки даноци и казни за да се богатат Заев и картелот околу него. Поради лошите економски услови, дури 77% од младите сакаат да се иселат од Република Македонија, покажуваат најновите истражувања.

Се вчитува...

Додека земјите во регионот и Европа доживуваат ренесанса на своите економии Македонија оди во чекор со Афричките држави. Ветуваа раст на економијата од 5%. Граѓаните ниту раст, ниту економија видоа. Тоне државата по сите параметри. СДСМ нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Извор: ТВ21