Македонија

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека води во Битола

Тони Коњановски е во водство во Битола пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски, според изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на нивните податоци од 60 обработени избирачки места од вкупно 170.

Според ВМРО-ДПМНЕ кандидатот на оваа партија и коалицијата, Коњановски, има 8.000 гласови, пред Христо Кондовски кој има 6.400 гласови. ВМРО-ДПМНЕ води и на советничките листи, истакна носителот на листата Пеце Милевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни