Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју за Сител телевизија информираше дека партијата утре на Извршен комитет ќе одлучува што понатаму откако премиерот Димитар Ковачевски одби да има средба со Христијан Мицкоски.
„Утре ќе предложам активна блокада на Собранието. Кога велам активна мислам на тоа дека ќе блокираме се, освен она што значи придобивка за граѓаните, а тоа е повисоки плати, пензии или слично“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Минатиот четврток Мицкоски преку прес конференција побара од Ковачевски да имаат лидерска средба на која би се разговарало за датумот за предвремени парламентарни избори.
На прашање дали албанската опзиција или Алијанса за Албанците дава поддршка кон овој чекор на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече:
„Јас побарав општествена поддршка. Тоа значи и партиска и непартиска затоа што од онаа наша која ја имеме на терен, промените продолжуваат заедно со граѓаните. Но ова што го слушаме од граѓаните е промени насекаде, можеби овој збор е премногу експлоатиран но граѓаните бараат да биде подобро. Очекувам поддршката да се види на терен, а се разбира партиска меѓу другото и од Алијанса за Албанците, Беса како и од другите помали партии во Влада“, додаде Мицкоски.
Мицкоски ги повика помалите партии од Влада да излезат од коалицијата и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ оти нивните барања за една изборна единица како што рече тој не биле реализирани.