ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја нападна СДСМ за загадениот воздух во Македонија, и нуди некои од мерките против загадувањето.
„Власта го зацрни животот на граѓаните. Веќе два месеци Македонија дише загаден воздух. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најазагадени во светот, а власта не презема ништо.
Заев, Макрадули и Шилегов ветуваат почист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, две години потоа ништо од она што го ветуваа не е случај. Наместо мерки и проекти спијат во Собрание за време на расправа и играат игри на телефон.
Додека власта мува не ја лази дали воздухот ќе биде чист или загаден, десеттици граѓани секој ден завршуваат во здравствените установи ширум државата со срцеви и белодробни проблеми како резултат на загадениот воздух, во кој концентрацијата на ПМ 10 честички е неколкукратно над дозволеното секој ден.
ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ е дезориентирана партија и дека не знаат каде ја водат државата, токму затоа предложивме сет мерки за справување со загадувањето, меѓу кои:
– субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,
– забрана за употреба на петрол и кокс,
– бесплатен градски превоз додека трае загадувањето.
Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста и безидејноста на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нуди мерки и решенија, а не празни ветувања напумпани пред избори како што тоа го направи СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
