ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се грижи за загадувањето; СДСМ: Сите институции се ангажирани за почист воздух

Утринава нова „преписка“ на соопштенија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и повторно тема е загадувањето на воздухот. И додека ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за негрижа за загадениот воздух, од владеачката партија враќаат дека сите институции се ангажирани во оваа борба која ја наследиле од минатата власт.

„Власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот, парите од
истиот ги троши на непотребни луксузи. Скоро 7 милијарди евра од буџетот на државата за две години се потрошени, на се и сешто, само за намалување на загаденоста на воздухот не. Власта се луксузира со купување на автомобили, дава 1.6 милиони евра за набавка на лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра на морски плодови и апетисани, а ниту денар за почист воздух“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се вчитува...

СДСМ, пак, се „бранат“ со тоа што информираат за купување на нови еколошки автобуси, се обновува зеленилото, се менува нееколошкиот начин на греење.

„Со силен порив се обновува зеленилото што цела деценија беше загрозувано поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Обезбедени се средства и започнат е процесот на набавка на 40 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје кои ќе треба да заменат дел од старите нееколошки автобуси. Автобуси на еколошки горива се набавуваат и во Прилеп и во Битола. Преку субвенционирање на трошоците за набавка на еколошки печки на пелети и инвертори, позитивно се влијае врз намалувањето на загадувањето што доаѓа од домаќинствата, но и јавните установи кои се затоплуваат на стар, скап и нееколошки начин“, враќаат од СДСМ.

Извор: ТВ21