На прес-конференцијата на Александар Кирацовски кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот на формирање на тело за антикорупциска комисија, врати опозицијата која истакна дека поради незнаењето на власта како да ја сокрие високата корупција, го напаѓа раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Република Македонија тоне во корупција. Власта на Зоран Заев со нивното криминогено работење и коруптивни зделки допринесе државата да се најде на дното на листата за корупција на Транспаренси, на 107 место далеку зад земји како Танзанија, Замбија, Колумбија и Тајланд.
10 месеци во Република Македонија нема антикорупциска комисија. Под притисок на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста власта се сети дека мора да се избере антикорупциска комисија.
Само во правата недела од 2019 година државата ја потресоа два нови коруптивни скандали кои директно се поврзуваат со функционери на власта. Првиот во директна корелација со министерката Мила Царовска чиј невенчан сопруг добил 1,5 милиони денари народни пари, а во другиот е заменик министерот Јани Макрадули кај што фирмата на неговата сопруга добила 5,4 милиони денари пари на граѓаните.
Власта не знае како да ги сокрие своите криминали заборавајќи дека се на власт повторно го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ.
За период од неколку дена се распишани над 300 работни огласи за работни места во администрацијата непосредно пред избори, што е класична изборна корупција, за каква се сомничи и самиот Заев кој непосредно пред референдумот бараше фирми да плаќаат екстра пари за работниците да излезат на гласање.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
