ВМРО-ДПМНЕ во водство во сите скопски општини, имаме сигурни градоначалници во Јегуновце, Градско, Сопиште и Могила

Порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денеска кажа дека во четири општини опозицијата има веќе градоначалници, додека во сите скопски општини имаат водство.

„Не му беа точни информациите на Заев за Гази Баба каде што рече дека нивниот кандидат ќе победи уште во првиот круг. Во сите скопски општини сериозно води ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните покажаа дека граѓаните сакаат промени. Денеска стигнува казната за неработењето на оваа власт.

ВМРО-ДПМНЕ има сигурни градоначалници во Јегуновце, во Градско, Сопиште и Могила.

Убедливо водиме во Св. Николе, во Прилеп, во скопските општини. Мора да потенцирам дека ќе биде светол ден, каде што граѓаните си ја земаат државата во своите раце и ставаме крај на хибридниот режим“, рече Арсовски.