Внимание за сите возачи: Главен град во нашето соседство воведе автоматска детекција на прекорачување на брзината

Систем за автоматска детекција на прекорачување на брзината од денеска се преминува на неколку локации во главниот град на Србија, Белград.

Станува збор за четири локации, каде што дозволената максимална брзина е 50 километри на час.

Се вчитува...

Составот ќе се применува на булеварот Михајло Пупин на Бранков мост, раскрсницата меѓу булеварот Никола Тесла и улицата Ушче, на раскрсницата помеѓу улицата Антифашистичка борба и Јуриј Гагарин, и на Булеварот Крал Александар.

Казните ќе стигнуваат на домашна адреса, а доколку сопственикот на возилото не го управувал возилото, ќе биде повикан да објасни кој управувал со возилото и кој го направил прекршокот. Ова важи и за странските државјани.