Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Се вчитува...
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Утре времето ќе биде облачно и постудено, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, наместа ќе има и појава на голомразица, дневните температури во текот на денот ќе опаѓаат, поради спуштање на постуден воздух од север.
