Македонија

„Внимателност во движењето“ – ЦУК со предупредување до планинарите и љубителите на пешачењето на Водно

„Внимателност во движењето“ – ЦУК со предупредување до планинарите и љубителите на пешачењето на Водно

Денеска во претпладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од таму велат дека жена движејки се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв.

Жената се здобила со посериозни повреди односно со прелом на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до ургентен центар.

Со оглед дека се работи за сè уште ниски температури во текот на ноќите а променливи во текот на денот Центарот за управување со кризи укажува на Внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни