АМСМ соопштува дека денеска и утре (14.12 и 15.12), ќе се изведуваат градежни работи на автопатот Скопје – Велес во двата правци.
„Виадукт трејд известува дека на ден 14.12.2018 и 15.12.2018 ќе се изведуваат градежни активности на Автопат А1, делница Катланово-Велес(пред Наплатна Станица Сопот)и Автопат А1 делница Велес-Катланово (после Наплатна Станица Отовица),за што ќе се изврши промена на режимот на работа на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување на индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија, во времетраење од два дена“, соопштуваат од АМСМ.
