Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги критикуваше изјавите на францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, кој претходно изјави дека Франција води економска војна против Русија поради нејзината инвазија на Украина.
„Внимавајте на јазикот, господа“, напиша Медведев, кој е актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија во вторникот на Твитер.
„Не заборавајте дека во историјата на човештвото, економските војни многу често се претворале во вистински“, додаде тој.
Претходно во понеделникот, Ле Мер во интервју за француската телевизија FranceInfo рече дека неговата земја и ЕУ „ќе започнат целосна економска и финансиска војна против Русија“.