Корисниците на апликацијата „WhatsApp“ треба да се чуваат од опасни измами кои можат да го хакираат телефонот за само неколку секунди. За среќа, истото лесно е да се воочи.
Еден од најпаметните методи за пристап до нечија сметка на „WhatsApp“ е да се потврди со код за верификација. Обично се случува да добиете текстуална порака од „WhatsApp“ со кодот за најава, пишува The Sun.
Ова е двофакторски код за автентикација кој ви овозможува да се најавите на вашата сметка – затоа што докажува дека поседувате телефонски број. Потоа, ќе добиете порака од пријател или член на семејството како: „Еј! Случајно ви го испратив мојот код за најава на WhatsApp. Можете ли да ми го препратите, ве молам?“.
На ваква порака, никако немојте да одговарате. Се случува странец да го хакира налогот на некој од вашите контакти, пробува да се логира на својот акаунт и за тоа му е потребен вашиот двофакторски код.
Значи, доколку му го испратите овој код измамникот ќе може да се вклучи како и вас, и да ве тргне вас од вашиот акаунт. Тоа секако може да ви создаде голема штета, па дури и да ја искористи измамата на некои од вашите пријатели.
Се работи за паметна измама бидејќи се ослонува на тоа дека ваш пријател или член на семејството ве замолува за услуга. И не секогаш е очигледно дека ќе се изложите на ризик со испраќање
Затоа оваа злонамерна измама е толку ефикасна – и еден од главните недостатоци на „WhatsApp“. Затоа, доколку некогаш добиете порака со барање за вашиот код за потврда „WhatsApp“, игнорирајте ја целосно.
Исто така, би било корисно и да го известите лицето дека е хакиран, но тоа никако не го правете преку оваа апликацијата. Доколку се сомневате дека вие сте хакирани, веднаш пробајте да се вклучите и да ја отстраните другата личност која сака да влезе во вашиот акаунт, а за тоа ќе ви треба нов код.
