Македонија

Внимавајте при купување пелети, се нудат како висококвалитетни, а не ги исполнуваат стандардите!

Внимавајте при купување пелети, се нудат како висококвалитетни, а не ги исполнуваат стандардите!

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) неодамна упати предупредување до македонските граѓани да бидат внимателни при купувањето на пелети за огрев, поради ризикот од производи на пазарот кои не ги исполнуваат декларираните стандарди за квалитет.

Горан Трајковски, директор на ДПИ, вели дека инспекцијата открила пелети кои се продавале како висококвалитетни словенечки производи, но во стварноста не потекнуваат од Словенија и не ги исполнуваат потребните квалитативни стандарди.

Тој посочи дека инспекциските контроли идентификувале значителни злоупотреби, при што пелетите се декларираат како „А1 класа“, што означува највисок квалитет за домашна употреба. Во некои случаи, сепак, овие пелети имаат значително понизок квалитет и се наменети за индустриска употреба, како што се „А2“ или „Б“ класа.

„Откриени се пелети декларирани како словенечки, но кои всушност не потекнуваат од Словенија. Тие се пакувани во други држави и не одговараат на квалитетот што се тврди. Граѓаните треба да бидат информирани за потеклото и начинот на пакување на пелетите пред да донесат одлука за купување. Во моментов, многу од пелетите кои се декларираат како А1 класа всушност може да бидат А2 или Б, што е соодветно за индустриска употреба“, нагласи Трајковски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни