Граѓани алармираат за опасна ситуација на железнички премин во скопската населба Маџари, каде што, според нивните тврдења, воз поминал без да биде спуштена заштитната рампа и без соодветна светлосна сигнализација.
„Катастрофа – Маџари, ниту семафор, ниту спуштена рампа, а воз поминува!“, реагираат граѓаните.
Тие предупредуваат дека ваквата ситуација претставува сериозна опасност за возачите и пешаците и бараат итна реакција од надлежните институции.
Засега нема официјално објаснување зошто рампата не била спуштена при поминувањето на возот.