Македонија

Во 10 итно и вонредно ќе заседава Владата по трагедијата во Тетово

Во 10:00 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавање на трагедијата во Тетово.

Вечерва во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот.

Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни