Македонските државјани во странство ќе можат да поднесуваат барања за издавање пасоши во дипломатско- конзуларните претставништа во Европа, Америка и Австралија.
Во 15 ДКП ќе бидат распределени базични станици за прибирање податоци за издавање на пасоши за македонските државјани во земјите кадешто работат и живеат. МНР во соработка со МВР воспоставува нов поефикасен и побрз начин за издавање патни документи во дијаспората.
Македонските државјани ќе можат да добијат пасоши во Германија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Италија,Словенија, Шведска ,САД, Обединетото Кралство, Австралија и Канада.