Во 17 часот во Собранието седница за имунитетот на Груевски

Талат Џафери, претседателот на Собранието за денеска во 17 часот закажа пленарна седница, на која ќе треба да се гласа за одземање на пратеничкиот имунитет на Никола Груевски, кој веќе е во Унгарија каде го доби политичкиот азил. Најпрво ќе има расправа по овој предлог, и доколку нема кандидати, тогаш ќе се премине на гласање.

Претходно Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања изгласа одземање на мандатот, и прати препорака до Собранието.

Се вчитува...

Одлуката за одземање на мандатот на Груевски се носи со просто мнозиство на пратеници, односно треба да има 61 глас „ЗА“.

Првиот обид да му биде одземен мандатот на Груевски мина безуспешно, затоа што тогаш немаше двотретинско мнозиство кое беше потребно за одземање на пратеничкиот мандат на некогашниот Премиер.

Извор: ТВ21