Во 2008 година, Исланд беше пред банкрот. Се затвораа банки, граѓаните стравуваа за нивната иднина. Тогаш и ја предвидуваа судбината на Куба, но вербата во себе и на граѓаните кон политичарите, не само што ја излезе земјата од кризата, туку сега е една од најдобрите и најуспешните во Европа.
Исланд се спаси од банкрот такашто остави банките да пропаднат, а нивните директори ги изведе на суд. Наместо да се применат мерки за штедење, Исланд ги зголеми даноците за богатите да плаќаат повеќе во буџетот, а овие пари ги искористи за поддршка на социјално загрозените слоеви на населението.
Земјата сега има 2.9 % невработеност, што е втор пат да биде спуштено под 3%. За десет години, на Исланѓаните им се пораснати платите за 6.2%.
Според статистиката, во моментов само Чешка има помала невработеност од Исланд, и таа изнесува 2.4%.