Балкан

Во Албанија од денеска се забранети пластичните кеси

Во Албанија од денеска се забранети пластичните кеси

Во Албанија од денеска е забранета употребата на пластични кеси, јави албанската новинска агенција АТА.

Министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро денеска сподели видео во кое децата зборуваат за загадувањето на животната средина.

Кој може подобро да каже од децата кои сакаат промени и поради нив вртиме нова страница во односот кон животната средина. Среќен први јуни без пластични кеси за еднократна употреба, напиша Кумбаро на социјалните мрежи.

Во Албанија годишно се произведуваат околу 3,2 милијарди пластични кеси или 26.000 тони.

Еколошките ризици поттикнаа многу влади ширум светот да преземат брза акција во изминатата деценија.

Во овој контекст, албанската влада одлучи од 1 јуни годинава да се забрани производството, увозот и употребата на пластични кеси.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни