Во Белгија е отворен најголемиот центар за дистрибуција на чоколадо во светот

Во Локерен во Источна Фландрија е отворен најголемиот центар за дистрибуција на чоколадо во светот, објави порталот „Фокус на Белгија“.

Белгиско-швајцарскиот производител на чоколади Бери Калебо отвори центар наречен Chocolate Box висока 41 метар, кој зафаќа површина со големина на повеќе од десет фудбалски игралишта.

Секоја година, 75 милиони килограми пакувани чоколадни производи ќе пристигнуваат на 125.000 палети од двете фабрики Callebaut, кои произведуваат околу 500.000 тони чоколадо. Има постојана температура од 18 степени Целзиусови.

Со овој проект, кој чинеше околу 100 милиони евра, производителот гарантира подобра понуда на странските купувачи, додава белгискиот портал.

Белгиското чоколадо има репутација на висококвалитетно чоколадо, а пралините, како чоколадна бонбона за еден залак, биле измислени во 1912 година од Белгиецот Жан Нојхаус (1877-1953).

Во Белгија има и музеј посветен на овој познат деликатес, потсети порталот.