Македонија

Во Битола независните од „Поинаку“ ќе претседаваат со Советот – имаат и мнозинство!

Новиот претседател на битолскиот совет е од редовите на независните „Поинаку“ кои на овие избори освоија три мандати, а до четвртиот не стигнаа за само неколку гласови.

Габриела Илиевска во следните четири години ќе седне на столчето кое досега го држеше Валентин Груевски од редовите на ЛДП како претседател на Советот на општината во Битола.

Илиевска доаѓа од редовите на независната група „Поинаку“ која ужива одличен рејтинг кај битолчани.

Тие на овие избори освоија три советнички места, а четвтотот им „побегна“ за само неколку гласови.

„Битола испишува историја. За првпат во историјата на градот Советот добива претседател кој доаѓа од граѓанска листа. Сега во Советот ќе се работи само за интересите на битолчани и нема да има поделби кој од која политичка партија е. Демократијата во Битола добива нова нота. Ќе бидеме на страната на битолчани, се̍ она што ќе биди за добро на градот ќе биде поддржано , а она што не е добро ќе биде критикувано, граѓаните ќе ми бидат приоритет“, рече Илиевска.

Илиевска беше избрана со 18 гласа „ЗА“, со поддршка од советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а на предлог од советникот Иван Чулакоски, информираат од „Поинаку“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни