Македонија

Во Битола се одржа Парада за традиционалните семејни вредности

Денеска во Битола се одржа парадата која беше најавена на социјалните мрежи. Учесниците се собраа кај Саат кулата, а потоа прошетаа низ Широк сокак се до градскиот парк.

Учесниците рекоа дека ова е парада со која испраќаат порака за традиционалните семејни вредности. Дел од оваа парада беа родители со своите деца, а имаше и свештени лица.

Фото: Тера

Ова е еден вид контра на парадата на гордоста која се случи вчера во главниот град. Во исто време и во Скопје имаше парада за традиционалните семејни вредности.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни