4NEWS.mk

Во Битола викендот во сообраќај евидентирани 14 нерегистрирани возила

СВР-Битола на сообраќајниците во градот, викендот затекна и евидентира 14 нерегистрирани возила кои веднаш биле отстранети од сообраќај.

Секторот за односи со јавност на СВР-Битола информира дека полициски службеници одСекторот за внатрешни работи за време на викендот односно на 28, 29 и 30 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство кај 1.150 возачи.

Во сообраќајниот билтен евидентирани се 25 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 14 возила, брзината ја надминале 30 возачи од исконтролираните возила, на мобилен телефон разговарале тројца возачи, а шест други возачи не користеле сигурносен појас, потврдија од СВР-Битола. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни